Малкумина и се израдуваа на новата цена на зелениот картон

Bez autora
Jul 24 2011

Не е доволно цената на зелениот картон да се преполови, доколку тој се спои со основната автоодговорност, реагираат граѓаните на најавата на Владата дека од есен цената на картонот ќе падне за 50 отсто, но дека ќе се врзе со регистрацијата. Оние што редовно патуваат надвор ги радува ваквата најава, бидејќи тие секако плаќаат за автоодговорност и во земјава и за надвор. За нив намалувањето на цената на зелениот картон ќе значи помал трошок. Често патувам во странство, па преполовувањето на цената на зелениот картон е добра вест, бидејќи тоа ќе значи помал трошок во иднина за мене. Тоа што картонот ќе се врзе со основната автоодговорност не е проблем, бидејќи и досега ги плаќав одеднаш и двете. Според другите, кои со своите возила речиси и не излегуваат од границите на земјава, ваквата одлука е неправедна.

Малкумина и се израдуваа на новата цена на зелениот картонНе е доволно цената на зелениот картон да се преполови, доколку тој се спои со основната автоодговорност, реагираат граѓаните на најавата на Владата дека од есен цената на картонот ќе падне за 50 отсто, но дека ќе се врзе со регистрацијата.

Оние што редовно патуваат надвор ги радува ваквата најава, бидејќи тие секако плаќаат за автоодговорност и во земјава и за надвор. За нив намалувањето на цената на зелениот картон ќе значи помал трошок.

„Често патувам во странство, па преполовувањето на цената на зелениот картон е добра вест, бидејќи тоа ќе значи помал трошок во иднина за мене. Тоа што картонот ќе се врзе со основната автоодговорност не е проблем, бидејќи и досега ги плаќав одеднаш и двете“, вели еден скопјанец.

Според другите, кои со своите возила речиси и не излегуваат од границите на земјава, ваквата одлука е неправедна.

„Ако мојот дедо со своето ’фиќо‘ се движи само од дома до лекар, до пазар и обратно, тој со наредната регистрација ќе треба да плати плус пари поради зелениот картон, кој воопшто нема да го искористи. Тоа воопшто не е фер. Да се работеше за мала сума ќе беше прифатливо, но станува збор за многу пари што ќе бидат фрлени во ветер“, реагира Тодор Петровски.

Дури и камионџиите не ја поддржуваат најавата за поевтинување на зелената карта преку нејзино врзување со основната автоодговорност.

„Доколку зелениот картон го направат задолжителен, значи, ќе се зголеми цената на основната автоодговорност, што е многу неповолно за нас. Ние и така имаме мало покритие на штета, па повисока премија ќе значи само поголем издаток, за кој нема да добиеме ништо плус. Ваквите комбинации дополнително ќе ги зајакнат само позициите на осигурителните друштва, а на наша штета“, вели Билјана Муратовска од „Макамтранс“.

Намалување или бесплатно издавање зелен картон, а зголемување на цената на осигурувањето за автоодговорност беше предлог и на осигурителните компании. „Премијата за зелената карта да ја плаќа само оној што патува во странство е неприродно нарушување на принципот на солидарност, бидејќи сите учесници во сообраќајот, без разлика дали патуваат во странство или не, треба да партиципираат во својата можна одговорност ако им нанесат штета на трети лица во странство“, вели Драган Лазаревски, директор на „Кроација осигурување“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik